Тарчуловски: Правиот верник никогаш нема да уништи туѓи, а не дај боже свои верски обележја

johane

На сите нека ви биде јасно. Никогаш правиот и искрен верник нема да уништи туѓи, а не дај боже свои верски обележја, напиша на Фејсбук пратеникот Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ по написите во некои од медиумите кои се под контрола на СДСМ.

-За работите да бидат појасни. Гледам денеска оркестриран и договорен напад на мене,со преќутување ке излезе во право се. НА СИТЕ НЕКА ВИ БИДЕ ЈАСНО. Никогаш правиот и искрен верник нема да уништи туѓи а недајбоже свои верски обележја. Четири год од кога сум вратен, со Божја помош изградив камбанарија, конак, црква почнав крстилна и уште една трпезарија, купуваме земја за гробишта и уште многу работи. Ако некој помислил со мое вовлекување во приказната ке се оддвлече вниманието од вистинските злосторници се ЛАЖЕ а знаете ли зошто? Има и сведоци кој ги виделе злосторниците. Затоа сигурен сум,МВР за кратко време ке излезе со прес и ке каже кој се виновниците. БОГ е голем знае што прави и не заборава! Само едно големо срамота, да не им дадеш и на мртвите да почиваат во мир, вели Тарчуловски во својот Фејсбук пост.

https://m.facebook.com/tarculovski/posts/10209945720499377




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.