Група на туристи во близина на светилникот Бајрон Бај во Австралија, во неделата биле сведоци на еден ужасен настан.
Питон со должина од 1,4 метри кој висел од дрво, им приредил “претстава”. Змијата успеала да проголта цел опосум.
– Опосумот најпрво го зграбил животното за главата, а потоа го убил. Бев шокиран од она што го гледам, не знаев дека змијата може да проголта толку големо животно, изјавил еден од туристите.