Со три погодоци во мрежата на “дебармаалци”, попладнево на фудбалскиот стадион “Борис Трајковски”, Победа го порази Работнички и го обезбеди 7-то место на табелата во Првата фудбалска лига и сигурен опстанок.
Со головите на Гешоски во 15-тата, Станиќ во 60-тата и Шаркоски во 84-тата минута, победашите стигнаа до петтиот последователен триум и до недостижни пет бодови предност пред осмопласираниот Шкупи, позиција која носи бараж дуел со третопласираниот Новаци во втората лига.
Во последното коло Победа ја пречекува Ренова на стадионот на “Moгила”, дуел кој со сигурност прилепчани ќе сакаат да го добијат и да ја крунисаат успешната серија триумфи пред својата публика.