ТРИЗЛА ПОД ВОДА: Градоначалникот го нема?! (ФОТО)

Поради силните поројни дождови кои денеска го зафатија Прилеп, населбата Тризла беше погодена од поплави во кои настрадаа неколку куќи на улицата „Дебарца“.
По пријава на граѓаните, населбата ја посети и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, како и екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“ и ветија расчистување на теренот од наносите, како и  расчитување на одводните канали.

Граѓаните во населбата не ги удостои со присуство новиот градоначалник Илија Јованоски.

Инаку локалната самоуправа предводена од Јованоски им вети на граѓаните од оваа населба водовод, канализација, како и напојување со електрична енергија до нова година.

Дали овие ветувања ќе бидат исполнети, ќе видеме наскоро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.