Некогашниот играч од средниот ред на Њукасл, почина на 30 години, откако колабираше за време на тренингот на кинескиот Пекинг Ентерпрајзис.
Тиоте се сруши во текот на тренингот, потоа итно бил префрлен во болница каде лекарите ја констатирале неговата смрт. Како причина се наведува срцев удар.
Трагичната вест ја потврди и ангетот на починатиот играч, Емануеле Паладино.
-Со голема жалост потврдувам дека мојот клиент Чеик Тиоте почина после колабирање на тренингот на Пекинг Ентерпрајзис. Не можам ништо повеќе да кажам, и молам за приватност на семејството во овие тешки моменти, кажа Паладино.