Сестрите близначки од Прилеп, ШАМПИОНКИТЕ Маријана и Мишела Димоски, се избрани од Карате Федерацијата на Австралија да ја претставуваат државата на Карате Шампионатото Океанија 2018 од 18-20 мај оваа година во Окланд Нов Зеланд.
Сестрите се избрани во два ранга на натпреварување:
-У21 женски ката тим
-Женски сениори ката
Од Карате Федерацијата на Австралија во писмото упатено до сестрите Димоски пишува дека со претставувањето на државата тие ќе бидат амбасадори на Австралија и нивниoт настап ќе овозможи Австралија да биде конкурентна на натпреварувањето.