Кога Роберт Мјулер во мај оваа година беше поставен за специјален обвинител со цел да го истражи евентуалното мешање на Русија во американските избори 2016 година, од Белата куќа стигна кратко известување дека претседателот Трамп “се радува на брзото завршување на истрагата која ќе го покаже она што сите го знаеме, дека неговиот тим нема никаква врска со Русија”.
Првите обвинувања на основ на истрагата која последниве неколку месеци ја водеше Мјулер и неговиот тим, се расветлија вчера. Пол Манафорт, поранешниот шеф на кампањата на Трамп, обвинет за завера против Америка, заедно со соработникот Рик Гејтс, се предаде на агентите на ФБИ во оквир на истрагата за влијанието на Кремљ на изборите во САД.
Си-Ен-Ен оценува дека со тоа Мјулер му испратил силна порака на Доналд Трамп, на јавноста и на потенцијалните осомничени во случајот кој го истражува. Според американските “слободни” медиуми , истрагата била опсежна.
Каква моќ има Мјулер?
Кога заменикот државен обвинител на САД Род Розенштајн го именува за специјален обвинител, тој за Мјулер рече дека има мандат да истражи било какви врски меѓу руската влада и тимот на Трамп, како и се што индиректно или директно може да настане од истрагата.
Ф.Г.