Američki predsednik, Donald Tramp, otpustio je državnog sekretara Reksa Tilersona, a na njegovo mesto će doći direktor CIA Majk Pompeo.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон, а на негово место го постави директорот на ЦИА Мајк Помпео.
“Мајк Помпео, директорот на ЦИА, ќе биде новиот државен секретар. Ќе биде одличен! Му благодарам на Рекс Тилерсон за се ! Џина Миспел ќе биде нова директорка на ЦИА и со тоа првата жена на таа позиција”, напиша Трамп на Твитер.
Во соопштението во американските медиуми, Трамп додаде: “Се гордеам што можам да го именувам директорот на ЦИА, Мајк Помпео, на местото нов државен секретар. Мајк завршил воена академија на Вест Поинт како прв во класата, извонредно и служеше на американската армија, а дипломирал и на правниот факултет во Харвард…”
“Претседателот продолжи: “Џина хаспел, заменик директорот на ЦИА, ќе биде поставена за нова директорка, на местото на Помпео. Таа ќе биде првата директорка на ЦИА, историски момент. Мајк и Џина веќе една година работеа заедно и развиваа голема меѓусебна почит”.