Како би ја подигнала свеста за штетноста од цигарите, компанија од Шведска дошла до идеа во Стокхолм да постави специјални електронски билборди.
Компанијата го привлече виманието на јавноста, бидејќи станува збор за напредна серија билборди кои се интерактивни. На дигиталниот екран момчето започнува да кашла кога луѓето ќе поминат со запалена цигара.
На билбордот се емитува и промотивен спот за производите кои помагаат во одвикнување од пушењето.