ТАЈНА СРЕДБА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА НА КОЈА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА СУДБИНАТА НА СВЕТОТ: Ким на состанок со директорот на ЦИА – еве за што разговарале !

Екс директорот на ЦИА Мајк Помпео престојуваше во Северна Кореја пред две недели, како би се состанал со лидерот Ким Јонг Ун во Пјонгјанг.

Помпео не го поведе најавениот човек од Белата Куќа или Стејт Департментот, туку го следеле само луѓе од безбедносните структури, пишува Си-Ен-Ен.

Состанокот меѓу Помпео и Ким кој се одржа во првата недела од април, претходи на историската средба меѓу лидерите Доналд Трамп и Ким Јонг Ун, која е планирана за крајот на мај или почетокот на јуни.

Од Белата куќа одбија да ја коментираат посетата на Мајк Помпео.

Вашингтон пост пишува дека Помпео бил пратен од Трамп како би ги поставил темелите за разговорот меѓу двајцата претседатели за нуклеарната програма на Северна Кореја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.