ТАЈНА СОВЕТСКА ЛАБОРАТОРИЈА: Овде се тестирани најсмртоносните болести, а опасноста сеуште трае

Во 1971 година од истражувачкиот брод “Лав Берг”, кој се наоѓал во Аралското езеро, се појавила мистериозна кафеава магла.

Неколку денови покасно, една од научниците, која била на бродот, добила големи сипаници, иако била вакцинирана. Неколку луѓе од нејзината блиска околина, кои се заразиле од неа, набрзо починале.

Таа преживеала. Тогаш никој не помислил дека болеста потекнува од бродот во Аралското езеро и дека таа е создадена со намера.

Инцидентот, за кој пишува Би-Би-Си, е една од бројните трагедии за кои е одговорен Островот Возроздења (Островот на повторното раѓање).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.