Петре Шилегов нема да го урива споменикот на УЧК во Чаир, бидејќи Градот Скопје нема надлежност во случајот, изјави пред неколку дена во интервјуто во емисијата “360 степени” скопскиот градоначалник на телевизија „Алсат-М“.
Споре она што го кажа Шилегов во интервјуто не може да се направи паралела помеѓу отстранувањето на споменикот на Андон Ќосето и споменикот на УЧК во општина Чаир.
Оваа обврска Шилегов покрај на општина Чаир му ја зададе и на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, за кого рече дека е надлежен за отстранување на оваа дивоградба.
Дали прилепскиот министер ќе се истакне како надлежен по прозивката на неговиот колега од СДСМ и ќе ги испочитува законските надлежности кои според него ги има, ќе видиме.
Споменикот на Ќосето беше отстранет доцна ноќта во четвртокот минатата недела, а реакциите по социјалните мрежи беа жестоки.