Сугарески против својата волја од 2012 година!? Поддржува проекти од ВМРО -ДПМНЕ што не ги гласал

wizz-air

На денешната средба помеѓу министерот за транспорт и врски и претставници од ниско буџетната авио компанија “Визер”, било разговарано за продлабочување на соработката во насока на обезбедување што поголем број достапни дестинации за граѓаните на Република Македонија.

И тоа не е ништо лошо, затоа што иднината на развој на сообраќајот е во авиосообраќајот и тоа треба да биде приоритет на секоја влада.

Меѓутоа, токму сегашниот министер Сугарески не гласаше кога во 2012 година владата на ВМРО-ДПМНЕ го предложи законот за дополнување на законот за воздухопловство со кој се предвидува финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници.

Имено токму ова законско решение рекордно го зголеми бројот на патници кои слетуваа на аеродромите во Скопје и Охрид, а со тоа и приносот од туризмот. Заложбите на претходната влада вложија со труд, особено ако се има во предвид тоа дека минатата година услугите на македонските аеродроми ги користеле 1,8 милиони патници.

Оваа година токму како резултат на законските решенија од минатите години и финансиската помош од буџетот, бројот на патници повторно ќе се зголеми.

Сугарески очигледно прв пат се соочува со оваа тематика, па сега може одблиску да се увери дека на претходниов начин се носат резултати. Сигурно сега тешко ја проголтал одлуката што не гласал за ваквото законско решение во 2012 година.

Како гласале пратениците тогаш, погледнете во продолжение:

21208897_10212178407006865_1138052545_n

21244803_10212178407646881_1031732355_n

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.