Револтирани граѓани од тетовско, испратија фотографии од нелегалниот пат кој се гради од Попова Шапка до Косово.
Граѓаните прашуваат: “За која цел, кој и зошто го гради овој пат?”, “Постои ли во државата Државен инспекторат за транспорт, кој ќе изврши увид?” и “Дали е ова инфраструктурниот бум кој СДСМ го ветуваше во својата изборна програма?”.
Инаку СДСМ за време на изборната кампања пред граѓаните вети 500 километри нова автопатна мрежа во државата, нешто што на никого не му е јасно како ќе се реализира, имајќи во предвид дека тоа е огромен залак за држава како Македонија.
И додека пред граѓаните се ветуваат мегаломански бројки, вчера КУРИР објави дека целосно е повлечена механизацијата од изградбата на автопатот Охрид – Кичево, што претставува најголема капитална инвестиција, за која владата на ВМРО-ДПМНЕ издвои 374 милиони евра.