“Сугарески доби лекција за лагите од Мисајловски!?”

Eкс министерот за транспорт и врски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку Фејсбук се обрати и ги демантираше информациите дека СДСМ обезбедиле грант средства, за како што велат доизградбата на експресниот пат Градско-Дреново. Мисајловски вели дека ниту сегашната влада ги обезбедиле ГРАНТ средствата, ниту пак мрднале со прст, единствено што направиле е што чекале да заврши рокот на тендерот за градба кој беше објавен уште минатата година а сега привршува рокот за доставување понуди.

Vlado-Misajlovski

Новата ВЛАДА обезбедила ГРАНТ за нов проект доизградба на експресниот пат
Градско – Дреново ??!!??!!!

1. Ниту сегашната влада ги обезбедиле ГРАНТ средствата ниту пак мрднале со прст, единствено што направиле е што чекале да заврши рокот на тендерот за градба кој беше објавен уште минатата година а сега привршува рокот за доставување понуди.

2. За да се распише тендер мора да се обезбедат средства во буџет а тоа е направено уште минатата година со ГРАНТ СРЕДСТВА точно така преку ИПА програмата и задолжително средства во буџетот за кофинансирање.

3. Добро е што ќе се продолжат проектите во инфраструктурата што ги работеше ВМРО-ДПМНЕ, но лошо е што обвинувате и ЛАЖЕТЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.