Во текот на вчерашниот ден во 16 часот во Прилеп на улицата „Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со прилепски регистерски таблици управувано од 58-годишниот В.В. од селото Заполжани и патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистерски таблици управувано од 25-гоидшниот А.М. од Прилеп.
По незгодата, со возило на Итна медицинска помош В.В. бил пренесен во Општата Болница во Прилеп, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.