Петнаесет годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 17 часот и 20 минути се случила на улицата „Индустриска“ во Неготино.
Од полицијата информираат дека патничко возило „Фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот О.И. од Демир Капија, удрило во 15-годишно девојче од Неготино.
-Во незгодата девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Итна медицинска помош Неготино била препратена во Ургентен центар Скопје, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.