Поранешниот пратеник, Љубомир Јосифовски, поднесе кандидатура за нов претседател на НСДП, вели дека досегашниот и иден лидер на партијата, Тито Петковски, ја злоупотребил својата позиција – oбјави “ФОКУС”
Тензично поминала денешната седница на Централниот одбор. Јосифовски се побунил откако членовите донеле одлука Петковски да биде единствен кандидат на Конгресот кој ќе се одржи на 13 мај. Петковски, вели тој, со притисок врз членовите издејствувал да донесат одлука која е спротивна на статутот на партијата.
-Имаше конфликт, не се согласував со тоа што тој ја злоупотреби позицијата како претседател. Согласно статутот на НСДП секој член има право да бира и да биде избран. Јас поднесав кандидатура пред еден месец и истата беше поздравена од Тито Петковски и од органите на партијата. Кога се соочи со реалноста дека не може да биде избран одлучи да направи радикален чекор и денеска да ги изманипулира членовите на Централниот одбор – вели Јосифовски за „Фокус“.
Целиот текст прочитајте го ТУКА