Откако 11-годишно момче од Сплит, зарши во операциона сала поради разбојник кој го нападнал во неговиот дом, помеѓу жителите на овој град завладеа страв, а се шират и различни приказни.
Додека едни се сомневаат дека воопшто имало разбојник, други веруваат дека тој постои. Жителите како што велат сега повеќе не се чувствуваат безбедни и покрај многуте опции за заштита во влезовите на зградите. Се заклучуваат, а некои од нив и се вооружуваат.
Велат дека и претхоно имало разбојници низ градот, но никој никого не повредил сериозно.
Да потсетиме, 11-годишно момче од Сараевска улица било пронајдено во тоалетот во својот дом со пресечен врат. Веднаш е префрлен во болница каде што е опериран и состојбата му е стабилна. Мајката која го пронашла во тоалетот вели дека во домот упаднал разбојник кој со нож го исекол нејзиното дете по вратот. Полицијата го пронашла ножот и работи на расветлување на случајот.