Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ, вчера се сретна со потпретседателот на Главниот одбор на Српската напредна партија, Марко Џуриќ.
Џуриќ ги поддрша напорите на Демократската партија на Србите во Македонија на престојните локални избори да остварат што подобар резултат и да го задржат местото градоначалник во Општина Старо Нагоричане.
Тој нагласил дека навистина е важно српскиот народ во нашата држава да ја сочува својата посебност и национален идентитет, како и да продолжи да гради природно пријателство и силни врски со македонскиот народ, со кој го врзува културна блискост и историско искуство.
Стоилковиќ се заблагодарил на Српската напредна странка и на укажаното гостопримство, истакнувајќи дека Демократската партија на Србите во Македонија е гарант за заштита на српскиот идентитет и интересите на српскиот народ.
На состанокот присуствувале и кандидатите за градоначалник на општината Старо Нагоричане Елена Јаќимовиќ и кандидатот за советник во Куманово, Мирослав Тричковиќ