Стевананџија: Се сомневаме дека Арта Точи ќе им служи на македонските граѓани

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија во Собранието на седница за новата предложена заменик Министер за Надворешни работи се сомнева дека Арта Точи ќе им служи на македонските граѓани бидејќи ако претходно сте го прочитале трудот „Границите како мит“ ќе забележите дека во тој труд истакнува дека е во 1913 година направена голема грешка  бидејќи голем дел од западна Македонија не припадна кон Албанија тоа е некоректен предлог кон сите граѓани на република Македонија бидејќи сите живееме во иста држава. Утре та може да ја посети Мерсила Дода и заедно да дадат изјава дека треба референдум во Илирида.

dimitar-stevanandjija

-Вчера се вративте од според нас скандалозната  посета на една наша соседна држава. едно е мислењето кај граѓаните на република Македонија не постојат две држави кои имаат иста заедничка историја. Ако 19 септември 1942 година 18 прилепчани од селото Дабница биле стрелани.  За некои тие се жртви, а за некои тие се херои мора да ги разрешиме тие работи. не смееме да правиме такви гафови. мора да работиме потранспарентно за да знаеме што се разговарало на таа средба и што е договорено, потенцираше Стевананџија.

Покрај тоа Стевананџија го потсети премиерот Заев дека министерот за финансии Тевдовски во мај кажал дека минималната плата веќе ќе беше зголемена ако не се блокирана работата на собранието. Денеска сме јуни, минималната плата не е зголемена а според него тоа одолговлекување најдиректно удирало по џебот на граѓаните на Република Македонија. Предлогот на законот е веќе подготвен го очекуваме да го прифатиме.

-Исто така потсетуваме дека субвенциите не се исплатени, во Росоман се случува земјоделски хаос праските се откупуваат за 5 денари краставиците во струмички за денар и пол и доматите, рече Стевананџија.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.