Стевананџија: По 78 години оваа зграда дочека да биде нем сведок на почетокот на разнебитувањето на државата

Вчера македонската јавност беше сведок на едно ескпозе кое личеше на специјалистички труд, на анестезиолог кој чита плагијат, напишан некаде далеку од Република Македонија, анестезиологот опкружен со хирурзи кои немаат жал за пациентот Република Македонија, најпрво му ги замајуваат клетките, односно граѓаните на Република Македонија, со најмилозвучни ветувања, нереални и апсурдни, кажа Димитар Стевананџијам пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го експозето на Зоран Заев.

dimitar-stevanandjija

-Почитувана македонска јавност, почитувани граѓани на Република Македонија, вие 450 и кусур илјади кои што ја поддржавте програмата на ВМРО-ДПМНЕ, реалните проекти, визијата за животот во иднина, но и 20 илјади помалку, излажани, добро испазарени, за да им овозможите на нашите колеги од десната страна неуставно, незаконски, неделовнички да ги запоседнат овие фотелји. Верувајте сите карти се веќе отворени, сценариото за Република Македонија полека се реализира. Вчера македонската јавност беше сведок на едно ескпозе кое личеше на специјалистички труд, на анестезиолог кој чита плагијат, напишан некаде далеку од Република Македонија, анестезиологот опкружен со хирурзи кои немаат жал за пациентот Република Македонија, најпрво му ги замајуваат клетките, односно граѓаните на Република Македонија, со најмилозвучни ветувања, нереални и апсурдни. За потоа да можат да го одвлечат вниманието од фактурите што треба да ги платат, така успеаа овие 3-4 години да прелажат 400 илјади граѓани на Република Македонија, изјави Стевананџија.

Тој го објаснува ова експозе како бајка поради кое веќе во Македонија почнале да се враќаат иселените, да доаѓаат Швеѓани, Норвежани, Французи, Холанѓани, Италијанци.

-Но, за жал има некои што поверуваа повторно на шарените лаги на Зоран Заев и само благодарение на ова и на вчерашното експозе, пред 15 минути имаме нова главна вест во светските медиуми, Македонија повторно е топ тема, тотално е блокиран аеродромот Александар Велики, буџетот почнува да се преполнува овие два дена само од аеродромски такси. Министерството за транспорт и врски и мојот сограѓанин Сугаревски, како предлог може слободно да ужива, следната недела 400 илјади иселеници се враќаат во Република Македонија. Но, сега се соочуваме со огромен проблем по читањето на експозето или расказот наречен лагите од моето експозе на Зоран Заев, голем број Швеѓани, Норвежани, Французи, Холанѓани, Италијанци тргнале за Македонија со коли, но и со земјоделска механизација, тие сите се на пат. Плус и некои од нивните амбасадори им кажале дека во Македонија почнува новиот живот и ептен убаво ќе се живее, лугето поверувале, сметајќи дека секогаш во политиката сме искрени, коректни и реални. И тие сакале да живеат преубаво и затоа тргнале кон Македонија, бидејќи со минимална плата од 30 илјади денари, добиле и дополнителна мотивација, укинување на радиодифузната такса, средства кои што ако ги штедат можеби ќе купат ново Волво во Шведска за три години. Но, имаме и друг проблем, со нив ги земале и своите деца, младите Македончиња кои што социјал демократскиот сојуз ги дистанцира од политичката сцена занемарувајќи ја дијаспората, тие посакале да дојдат заедно со своите родители, бидејќи разбрале дека во Македонија се укинува екстерното тестирање, единствена земја во ЕУ и сфатиле и научиле дека Република Македонија полека станува земја во која што знаењето не се цени, единствени за жал, но тоа го прави голиот политички популизам, изјави Стевананџија.

Тој напомена дека во меѓувреме исполнето е првото лажно ветување на СДСМ, кои кажаа дека во нивната влада нема да има повеќе од 20 министри, а има 26.

-Тоа ги излажа оние 400 илјади граѓани на Република Македонија да ја дадат поддршката за губитничката опција на 11 декември и очекуваат уште нешто пред да поминеме на програмата. Очекуваат дека Уставот на Република Македонија ќе биде надополнет со уште еден член, дека во Македонија ќе се живее минимум 114 години, како што навикнавме на лагите, очекувајте го тоа на прес конференција идниве денови. Во меѓувреме исполнето е и првото лажно ветување, наместо 20 луѓе од десната страна, имаме 26 министерски имиња, така ни ветија дека ќе бидат 20 или помалку, за да штеделе, ама напротив, наредните месец, 6 месеци, година, 6 нови министерски места, 6 нови плати, 6 нови службени возила, 6 нови надоместоци, презентации, 6 нови Тамари нема да може да се лекуваат во странство почитувани колеги, заради тие лажни ветувања ваши, тоа е израз на вашиот популизам за жал. Ги нема повеќе паркобраните, платениците и соросоидите да штрајкуваат на оние места каде што се градат дивоградби, било да се верски објекти, било да се големи згради, било да се три исечени дрва во Струмица, во Куманово или во Центар, изјави Стевананџија.

Стевананџија кажа дека по 78 години во оваа зграда е изгласана антиреформска влада како и дека оваа коалиција е чудна и оксиморонска, поради тоа што СДСМ влегле во коалиција со политичарите за кои тврдеа дека се криминалци до пред пет месеци.

-Да преминеме кон реалноста, ќе се обидам да ја базирам мојата дискусија 5 подточки, односно 5 аспекти, историски аспект, демографски аспект, економски аспект, инфраструктурен и политички. 78 години во оваа зграда не била гласана антиреформска влада, влада по туѓ ќеиф, наспорти ќеифот на гласачите. По 78 години од кога е изградена оваа зграда, овие 4 ѕида не дочекале пратеник сам себеси да се претставува како претседател, од првата секунда да почне да го крши Уставот и деловникот. По 78 години оваа зграда дочека да биде нем сведок на почетокот на разнебитувањето на државата, траорен ден за македонската држава, за македонскиот народ и сте помалкубројни народи, од денеска претставени во коалицијата СДС и безресорните министри. Ова е чудна коалиција, оксиморонска коалиција, минумум 10 пратеници сега од средината, три кандидати предложени за министри, до пред само пет месеци своите колеги од ДУИ ги нарекуваа криминална дружба, криминогена структура, која што е заложник на ВМРО-ДПМНЕ да ги исполни своите интереси, а денес среќни весели седат до нив како ништо да не било, доаѓаме во апсурдна ситуација во иднина министерот за внатрешни работи да треба да го проверува минатото на својот колега министер за здравство, кои што тие го осомничија за криминал вреден 27 милиони евра, 4 за вакцини, а 23 за изградба на нови болнички капацитети. Чудно, но јас сум убеден дека ќе профункционира правната држава во Република Македонија, изјави Стевананџија.

Тој ги повика најмладите, студентите и средношколците да ја држат за збор нивната влада и нивните ветувања.

-Вториот аспект е демографскиот или старосниот аспект, кој беше претставен во дел од дискусијата во експозето на мандатарот Зоран Заев, три сегменти, најмлади, работоспособни, пензионери. Добра вест за најмладите и држете го за збор мандатарот, ќе воведеме проект преку кој што државата ќе овозможи на младите луѓе во рок од 4 месеци по завршувањето на школувањето, понуда за вработување, продолжување на образованието или пракса како подготовка за вработувањето. Најверојатно утре први јуни, Македонија ќе има нова влада, очекувам на први октомври сите средношколци што немаат средства да го продлжат своето образование да му се јават на Стефан Богоев и да му побараат вработување. Тоа значи дека од први октомври во Република Македонија нема да има невработен средношколец, невработен студент, држете ги за збор, брзо ќе поминат 120 дена и со тоа Македонија во перспектива ќе биде земја која што на нула ја сведола невработеноста. А што направи ВМРО-ДПМНЕ за најмладите, самите си знаат.

Стевананџија напомена дека во експозето на СДСМ не се споменати работноспособните, а тоа значи дека нема ни ветување за нови работни места, за нови странски инвестиции. Тој кажа дека во експозето нема ништо конкретно ниту за пензионерите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.