Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалез ги одреди 16-те играчи на кои ќе смета на утрешниот дуел со Словенија. Од 19-те играчи кои се наоѓаат во Хрватска отпаднаа: Златко Даскаловски, Гоце Ојлески и Велко Маркоски.
Состав на Македонија: Борко Ристовски и Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Миркуловски, Кире Лазаров, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски и Жарко Пешевски.
Натпреварот Македонија – Словенија се игра утре во Загреб од 19:30 часот.