Додека здравствените институции во Соединетите Американски Држави неколку недели пред помрачувањето на Сонцето ги предупредиле жителите да користат заштитни очила доколку сакаат да го гледаат овој природен спектакл, никој не се сетил да ги предупреди луѓето да не ставаат крема за сончање на очите.
Резултатот е голем број со замаглување навидот, болки и иритација на очите, пренесува Индепендент.
Експертите уште еднаш ја искористија приликата да ги предупредат луѓето дека само неколку секунди директно гледање на помрачувањето може трајно да го оштети видот, меѓу другото да биде причина за замаглување на видот и темни дамки во центарот на видното поле.
Предупредувањата отсега ќе вклучуваат и избегнување на креми за сончање.