Од денес нов играч на Победа е 26-годишниот српски фудбалер Ервин Качар. Вчера попладнето тој беше промовиран од спортскиот директор Александар Крстески.
Качар потекнува и во најголем дел од кариерата настапувал за тимот на Нови Пазар и тоа најчесто на позицијата денес бек, повремено и десно крило.
Со неговиот ангажман Стручниот штаб планира да ја пополни празнината по неочекуваното и некоректно заминување од клубот, во текот на подготовките во Банско, на Бојан Георгиевски.
Качар е 6-тото засилување на Победа за новата сезона. Претходно ангажирани беа: Борче Маневски, Нове Ацески, Ѓоре Јованоски, Тулат Хумбатов и Јасир Асани.