Капитенот на прилепска Победа и спортски директор на клубот Александар Крстески, е дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп за престојните локални избори на 15-ти октомври.
Тој ќе биди човекот кој ќе ги застапува потребите и интересите на спортистите и спортските работници во новиот совет на општина Прилеп, а зад себе има богато домашно и интернационално искуство.
Крстески е сеуште незаменлив столб на одбраната на Победа, а неговото спортско искуство од пред 3 месеци го стави на располагање и на позицијата спортски директор.
Александар Крстески е дете на Победа, започна во младинската школа, а со 17 години станува првотимец. Во свјата досегашна кариера, 34-годишниот интернационалец настапуваше покрај за Победа, и за Работнички, Вардар, Тетекс, Металург, Слога Југомагнат, Пелистер и Дрита, а во странство за Динамо Тбилиси, Челик Никшиќ и Шкумбини Пеќ.