“Владата предводена од СДС наместо парите на граѓаните да ги намени за изградба на училишта, градинки, болници и други објекти кои се од витално значење за граѓаните кои плаќаат данок, тие парите ги наменуваат за изградба на станови за мигранти кои треба да се доселат во Македонија.
Според планот на Заев и Мила Царовска, во Прилеп е предвидено да се изградат 14 станбени згради за сместување на мигрантите. Изградбата на овие објекти би ги чинело граѓаните 7 милиони евра. Додека во Прилеп имаме млади брачни парови кои се без сопствен стан каде ќе го подигнуваат своето семејство, граѓаните на Прилеп ќе треба да финансираат изградба на станови за мигранти. Додека ВМРО-ДПМНЕ нуди реални и остварливи проекти за секој граѓанин да дојде полесно до свој сопствен дом преку проектот „Стекнување на сопствен дом“, СДС нуди проекти како од парите на граѓаните да се градат домови за лица од третиот свет”, истакна Колариќ.