“Специјалистите ја очекуваат првата 100.000-ка следниот месец”

9.3.2011 Slovenija, Ljubljana. Kirurski oddelek Onkoloskega instituta.FOTO:JURE ERZEN/Delo
9.3.2011 Slovenija, Ljubljana. Kirurski oddelek Onkoloskega instituta.FOTO:JURE ERZEN/Delo

Повеќе од 2.500 специјалисти во Рeпублика Македонија со нетрпение очекуваат да започне исплатата на ветените средства за нивниот месечен труд. Со тоа ќе се остварат и предизборните ветувања, кои навистина добро им звучеа на “белите мантили”.

Тоа се плати кои би ја спречиле миграцијата на докторите кон земјите од ЕУ. Синоќа беа исполнети барањата на вработените во Македонски железници за повисоки плати, па тоа е доволен сигнал дека од следниот месец ќе “тријат раце” и докторите.

Нестрпливи се и пензионерите кои очекуваат минималната пензија да биде утврдена според потрошувачката кошничка за претходната година ( 28.430ден)!?

Покачување исто така очекуваат и тутунарите, кои ќе си ги бараат ветуваните 90 денари субвенции по килограм тутун.
Со здравје да си ги трошат!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.