На денешен ден пред 76 години двајцата првоборци Борка Талески и Лазо Филипоски – Лавски храбро загинале во крвава битка со бугарскиот фашистички окупатор кај селото Плетвар прилепско.
Талески и Лавски според полицискиот билтен од 20 март 1942 година, биле предадени од тогашниот кмет во селото Царевиќ.
Овој ден како свој патрон го имаат oпштата болница и градската библиотека во Прилеп, кои го носат името на херојот Борка Талески.
Свежи цвеќиња на неговото спомен обележје на Могилата на непобедените, кај месноста Чашка и во дворот на подрачното училиште “Добре Јованоски”, положија од Сојузот на борци, градската бибилиотека и делегација од општината.
Почитта пред хероите е за пофалба, но да застанеш пред спомен обележје на голем човек како Борка Талески со рацете во џеб, е срамота, особено ако си млад човек кој беше “ПР” лик веднаш зад сегашниот градоначалник на секоја прес конференција пред локалните избори.
Млада е ќе научи …. барем се надеваме!