Со помош на овој трик и највалканите патики ќе ви бидат блескаво бели

Поголемиот број од нас патиките ги перат во машина за перење алишта, но и покрај сите силни програми за перење се случува белите патики да ја променат бојата и да станат жолти, а особено во таква боја се променува ѓонот.

Постои многу лесно решение ова да се избегне. Се што ви треба е алкохолен оцет, сода бикарбона и вода. Измешајте ги оцетот и водата во сооднос 1: 1 и додајте ја содата.

Количината на сода зависи од течноста, бидејќи е неопходно да се добие убава паста.

После тоа, со стара четкичка за заби нанесете ја пастата на патиката и протриете. Кога ќе завршите, исперете ги патиките со топла вода и оставете ги да се исушат.

Ќе бидете воодушевени од резултатот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.