Со перформансот „Традицијата оживува“ почна фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

_MG_4382

Синоќа,  на камената сцена на плоштадот Александрија во Прилеп со сценско музичкиот перформанс „Традицијата оживува“ беше  отворен 43-от фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“Уметничкиот перформанс  преставуваше ревија на женски носии од Полошкиот регион од крајог на XIX-от и почетокотна XX –от век, претавјувајќи ја и статусната улога на жената преку песни и обичаи.Перформансот го проследи и градоначалниот на Прилеп, Марјан Ристески, која ја истакна важноста на овој фестивал кој се одиржува по 43 –ти пат,на Рудина во Долнени

_MG_4290

– Традиционално, секоја година, фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ го збогатува културното лето во Прилеп. Пеце Атанасоски е големо име кое навистина остави историски впечаток во промоцијата на македонскиот фолклор во светот и во негова чест е токму овој фестивал, а Прилеп во негова чест,пак, постави споменик со неговиот лик во центарот на градот. Фестивалот „Пеце Атанасовски“  ја збогатува туристичката карта на Прилеп и потврдува дека градот под Марковите кули е центар на фестивалските случувања – рече Ристески

_MG_4284

_MG_4362

– После 42 години фестивал на народни инструменти и песни  „Пеце Атанасовски“  ,конечно оваа година ја доби потребната сцена,современа бина и амфитеатар, кој беше направен оваа година со помош на Центарот за  развој на Пелагонискиот плански регион, така да сите љубители на народниот фолклор и песна овие два дена можат да уживаат во звуците на гајдата.,тапанот .зурлата и кавалот на летната нова сцена на Рудина – рече градоначалникот на Општина Долнени, Боше Милошески

 

_MG_4306

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се одржува под покровителство на Министерството за култура,  со поддршка на општините Прилеп и Долнени. На него учествуваат 350 учесници од земјава и странство кои  го презентираат богатиот изворен мелос.

_MG_4382

_MG_4366

_MG_4374

_MG_4392

_MG_4417




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.