Шкотскиот новинар Пол Инглиш бил на патување во канадската покраина Манитоба, каде му се случило нешто најнеочекувано.
Инглиш со кајак пловел по реката Черчил и решил со пеење да повикува бели китови, но не претпоставувал дека ќе успее во тоа.
По кусо време, до кајакот навистина се појавил кит, а потоа уште еден. На китовите очигледно им се допаднало пеењето на Инглиш, па тие продолжиле да пливаат покрај кајакот.
Новинарот потоа се нурнал во водата, пливал со китовите и продолжил да им пее на што тие возвратиле.