Екипите на „Полициска станица Прилеп“ и „Коњска сила“ попладнево го отворија традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“.
На турнирот ќе настапат 43 екипи. Од нив 33 екипи се во сениорска категорија, 11 екипи ќе бидат пионери и 9 ветерани. Во најсилната категорија, сениори, има учесници од Скопје, Битола, Гостивар, Велес, Богданци и Охрид. Сениорите ќе се натпреваруваат за награден фонд од 160.000 денари, обезбедени како награда за првото место. Второпласираните добиваат награда од 90.000 денари, а за третото место се обезбедени 60.000 денари.
Влезот за публиката до осминафинале е бесплатен, а потоа ќе се наплаќа симболична влезница од 50 денари.