Со ,,Сонувачот, купувачот и уште нешто,, во режија на Игор Трпчески, театарот „Војдан Чернодрински“ ќе учествува на годинашното издание на фестивалот ФААТ во Кочани. Претставата работена според истоимениот роман од Сузана Ѓорѓиевска, а во адаптација на режисерот Трпчески, ќе биде прикажана на 1 јуни во 12 часот во Домот на културата во Кочани.
-Публиката ќе ја види мултимедијалната претстава во која се говори за животот на Невен Илин, младо, палаво момче со ветер во косите, ѕвезди во очите и божуриги на образите, кое ќе се соочи со низа последици заради своите постапки, се разбира, за да ги извлече правилните поуки од животот. Многу интересна претстава за ова време во кое живееме и се надевам дека ќе ужива – вели режисерот Трпчески.
Претставата на сцената ќе ја пренесуваат Никола Ангелоски, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С. Илијески, Александар Тодески, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Елена Соколоска, Евгенија Јакимоска, Илија Волчески, Марио Велковски, Фиона Мирческа и Дамјан Макешоски.
Сцената и костимите се на Бојана Артиновска Трпческа, музиката на Томе Темелкоски, додека видеото е на Саша Нацески.
Претставата е заеднички проект на театарот „Војдан Чернодрински“ , Театарска работилница Прилеп, во соработка со драмското студио при НУЦК „Марко Цепенков“ Чин 4 Сцена