Едно семејство одлучило да вдоми куче и да му даде нова можност за живот. Кучето во истиот момент ги засакало. Било послушно и многу брзо учело се на што го подучувале.
Но,една вечер забележале дека нешто чудно се случува и дека кучето не спие навечер, туку застанува пред нивната соба и ги набљудува. Тоа се повторувало неколку вечери и не знаеле што да сторат. Го однеле на ветеринар и покрај бројните прегледи се испоставило дека е здрав.
Откако се обратиле на местото од каде го земале, на семејството им било објаснето дека семејството кое претходно го чувало преку ноќ заминало и веќе никогаш не се вратило.
За да му докажат дека тие нема да го сторат истото тие го земале неговиот кревет до нивиот за кучето да стекне доверба во нив. Дури по неколку недели кучето почнало нормално да спие.