Околу 22 часот во угостителски објект во Прилеп, сопственост на Г.Р. додека седел со 16-годишна девојка од Прилеп, влегле М.Н., З.Д., К.П. и уште едно лице и почнале да го удираат по главата и телото – дознава порталот “Пресс24“.
Според пријавата, М.Н. вперил пиштол кон девојката и се заканил да не пријавува во полиција. Со возило на Итна медицинска помош Прилеп Г.Р. бил префрлен на Хируршкото одделение во болницата во Прилеп.
Полициската станица Прилеп презема мерки за расчистување на случајот.