Сопственик на кафуле од Прилеп доби кривична пријава за точење алкохол на малолетници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против едно правно лице и против З.С.(54) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници “, казниво по член 204 од Кривичниот законик на Република Македонија стои во соопштението на МВР – пренесува порталот “Шеталиште”.

Според соопштението, на 28.01.2018 година во кафе барот во сопственост на осомничениот З.С., при вршење на акциска контрола, било затекнато малолетно лице со наточен алкохол.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.