Сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на железничката станица во Прилеп, до бензиската пумпа “БМ OИЛ”.
Брзински мотор, според очевидци, удрил во возило марка “Meрцедес”, при што причинета е материјална штета, а не е познато дали има повредени.
Од фотографиите може да се види дека моторот е целосно оштетен, а видливи се оштетувањата и на автомобилот.
Полицијата на лице место врши увид и ги утврдува точните причини за настаната несреќа.
Повеќе информации подоцна!