“Шетајќи” по Интернет наидовме на една креативна, но истовремено и модерна колекција која оваа година се појавила на седумнаесеттото издание од “Моден викенд Скопје”.
-За крај на првата вечер од седумнаесеттиот моден викенд Скопје се случи ревијата на „Fingerprint“ и нивната колекција “Macedonian beauty”. Станува збор за креации кои се 100% осмислени и направени во Македонија односно маици со 16 различни принтови. „Пред вас стои првата едиција маици со име „Macedonian beauty“ со којашто на поинаков начин ќе ја раскажувате приказната за македонскиот шарм, сонце, езера и ајвар“, вели тимот кој стои зад брендот „Fingerprint“. – пишува во објавата на Фејсбук фан страната од “Моден викенд Скопје”.
Секоја чест за креаторите, ги заслужуваат сите аплаузи!