Сонцето од Кутлеш зад играорците Македонци во Науса Грција – Браво патриоти, така се сака идентитетот и јазикот (ВИДЕО)

Уште едно во низата видеа од македонските патриотски прослави во Егејска Македонија кое е за секоја пофалба.

Maкедонците од Културното уметничко друштво “Македонците” од Црно Мариново во општината Негуш  и Македонците од Науса, знаат како да ги истакнат и негуваат својата култура, традиција, песна и оро, и сето тоа пред сонцето од Кутлеш.

Додека ние тука се двоумиме и се криеме, нашинците во Егејска Македонија се повеќе се охрабруваат и под уште потешки услови го прават тоа што го прават – успеваат да го одржат македонскиот дух и македонската посебност.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.