Ако ви се смалило секојдневието и сакате да побегнете негде каде ќе живеете среќно до крајот на животот, тогаш ова село е спасот за вас.
Покрај тоа што ќе живеете во природа окружена со планини, ќе добиете и 60.000 евра доколку имате четиричлено семејство и доколку сте одлучиле еден дел од животот да го помимете во ова село.
Албинен е мирно место во кое сега живеат 240 луѓе. Поради ниската населеност училиштето било приморано да затвори, па децата посетуваат настава во соседниот град. На швајцарските села им недостасуваат луѓе, а поседуваат се’ останато.
Албинен моментално му нуди на секој поединец околу 20.000 евра. Секој кој ќе дојде со целото семејство може да заработи и до 60.000 евра. Единственото нешто што од вас се бара е да потпишете договор на 10 години и во овој временски период да не го напуштате селото, освен за одредени животни потреби.
Пред да се одлучите да одете, погледнете како изгледа ова село:
А/Г/