Гостите од Словенија продефилираа на прилепскиот карневал во маска слична како и онаа на прилепските мечкари.
Но она што ги прави посебни и незаменливи прилепските мечкари е традицијата која ја влечат од памтивек.
Во маски од животински кожи, со рогови и заби на главата и со ѕвонци околу половината, мечкарите го изведуваат ритуалот со кој ги бркаат злите духови.
Што се однесува за Словенците, и за тоа дали успеаа да му конкурираат на прилепчани, проценете сами.