Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп се ближи кон својот крај. Петнаесеттото јубилејно издание досега помина во знакот на одличната организација, секогаш вкусната скара и ладно пиво, како и одлична забава каква што доликува за најголемото случување во годината во Македонија.
Вечерва посетителите на фестивалот кои се дојдени од сите страни на државата, регионот и странство, ќе имаат можност повторно беспрекорно да се забавуваат, а за тоа ќе се погрижат “Тајфата” и Димитар Андоновски, Џамбо и оркестар “Агушеви”, а фестивалот ќе го затвори една од најголемите балкански ѕвезди Северина.
Еве дел од она што љубителите на вкусната храна и пиво ќе можат да слушнат вечерва во Прилеп:
A/Г/