Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, утринава врнежи од дожд ќе има во крајните источни делови од земјава, а преку денот врнежите ќе бидат повеќе застапени во западните делови, но нема да бидат обилни. На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 м.н.в. Ќе дува умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од два до 12 степени.
Локални врнежи од снег ќе има и во понеделник, особено претпладне во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира и снежна покривка. Под влијание на северно струење температурите од понеделник значително ќе опаднат.