„Нема субвенции братче ако не си остварил повисоко производство од лани“ изјави премиерот Зоран Заев на вчерашното гостување во „Топ тема“ и уште еднаш потврди дека субвенциите во земјоделството ќе важат само за оние кои ќе успеат да остварат производство поголемо за 10% во однос на минатата година.
Предизборните ветувања на СДСМ во кои се тврдеше дека доаѓа животот за сите сега не важат. Со новиот начин на субвенционирање земјоделците кои остваруваат помало производство ќе бидат казнети без субвенции, додека големите производители Заев ќе ги наградува на грбот на помалите.
Владата на Заев нема да има слух за маката на земјоделците кои можеби нема да имаат повисоко производство од претходната година заради временските прилики, тие ќе бидат казнети од Заев со недобивање на субвенции.
Неукоста на Заев, или можеби неговата лукративна бизнис промисленост, излегува на виделина кога заборава дека родот во земјоделието е варијабилна појава и се разликува од година до година.
Давањето на субвенции само на најуспешните фирми значи „сечење на покусата нога“ на оние земјоделци кои оствариле помалку продажби во дадената година кои и онака се соочуваат со загуби, а без предвиденото субвенционирање би пропаднале, со што стапката на сиромаштија би се зголемила.
Ваквата логика води кон создавање на регионални моќници во земјоделието под чија капа би потпаднале помалите производители. Според досегашното работење на кланот Заеви кои по багателни цени откупуваат огромни индустриски капацитети, лесно е да се претпостави дека кланот својот бизнис ќе го шири во земјоделието создавајќи сопствени регионални моќници згаснувајќи го земјоделското производство кај помалите земјоделци кои егзистираат од него.
Извор: курир