Скијање и сноубординг во бикини – само на Сибирот од Русија (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Планинскиот фестивал “Грелка Фест” на кој учесниците се облечени во костими за капење и оваа година се одржа во рускиот ски ресорт “Шерегеш” и траеше од 6-15 април.

Оваа година илјадници луѓе учествуваа во бројни активности како што е “Холи фестивалот на бои”, ски скокови и сноубординг.

На фестивалот беше поставен и нов рекорд. Изминатата сабота вкупно 1525 храбри скијачи и сноубордери облечени во бикини и шорцеви се спуштаа од планината Зеленаја. Минатата година таа бројка изнесуваше 1496.

Организаторот потврдил и дека за прв пат оваа година на фестивалот учество зеле и голем број луѓе од странство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.