Како гром од ведро небо лани одекна веста дека актерот Ѓоша бил фатен со дрога. Тој наводно како што пишуваа тогаш српските медиуми, бил фатен со 50 килограми кокаин кој го препродавал.
– Ниту сум уапсен, ниту шмркам, еве седам со друштво во кафана. Бело вино пијам, и тоа е единственото бело кое го конзумирам. Ма каде ме фатиле, за што ме фатиле? Тоа навистина е болно. Бидејќи тоа е некоја зафрканција, изјави Ѓоша тогаш.
Тој почина денеска на 49. годишна возраст, од срцев удар. Зад себе остави две ќерки и сопруга.