Адам вели дека тетоважите му помогнале да ја победи депресијата и некои други пречки во неговиот живот. Кога имал 22 години, му бил дијагностициран рак.
Рус Адам Курликејл (32), покри 90% од своето тело со тетоважи и се надева дека за неколку години ќе стигне до 99% од своето тело.
За овие 90% му беа потребни 10 години. Ги тетовирал дури и очите. Вели дека таа тетоважа му е најдобра.
Адам вели дека тетоважите му помогнале да ја победи депресијата и некои други пречки во неговиот живот. Кога имал 22 години, му бил дијагностициран рак.
Со месеци одеше на тешки третмани. Ја победил болеста, но неговата кожа добила чудна пигментација поради зрачењето. Тој паднал во депресија, а потоа се одлучил на првата тетоважа.
– Тешко ми беше да се прифатам. Тетоважите ми помогнаа повторно да се откријам и да сфатам дека сум прекрасен , вели тој.
Сега му останаа уште рацете и стопалата, а се надева дека и нив ќе ги истетовира набрзо. Во меѓувреме, тој станал и тату мајстор и започнал сам да си го тетовира телото, а на местата кој не можел да ги достигне, му помагал пријател.
-Мислам дека ќе успеам да опфатам 99% од моето тело со тетоважи, а јас ќе ги задржам тие како моја тајна, вели Адам.
– Пријателите понекогаш се бунат против мојот изглед. Пред една година, кога го тетовирав моето лице, луѓето почнаа да се плашат од мене. Но, јас ќе умрам исполнет, а не како некој кој се плаши да ризикува. Јас не сум толку различен од другите, спијам, јадам, плачам, се смеам како и сите други. Јас не сум ништо подобар или полош од другите. Јас сум само јас и тоа е доволно за мене, вели Адам, пишува The Sun.