Сите барања на неговото семејство исполнети: Донарума потпишува нов договор, Милан мораше да го доведе и неговиот брат

Неверојатен пресврт се случи во случајот со најдобриот млад голман на светот Џанлуиџи Донарума. Тој одлучи да остане во Милан, откако одби 13 милиони евра годишно од ПСЖ, но само ако дојде неговиот брат.

 

donaruma-640x294

Најверојатниот наследник на Буфон на голот на Италија, ги шокираше не само навивачите на Милан, туку и целиот фудбалски свет. 18 годишниот Донарума пред неполн месец одби да го продолжи договорот со Милан, клубот кој го однесе на големата сцена, а тоа најверојатно беше поради агентот Мино Раиола. Сега стигнуваат нови информации. Скај Спортс јавува дека дошло до голем пресврт во целата сага, па Донарума во наредните денови би требало да го продолжи договорот.

Договорот ќе биде за наредните пет години, а ќе добие годишна плата од 6 милиони евра, со што ќе стане најплатен играч на Милан и еден од најплатените играчи во лигата. На се ова дојде крај, откако Џиџо наводно одбил 13 милиони евра годишно од ПСЖ.

Но, во приказната има и уште детали, а еден од нив се вика Антонио Донарума. Станува збор за постариот брат на младиот голман, тој има 26 години, кој ја поминал младинската школа на Милан, но краток му бил ангажманот во славниот клуб. Времето главно го поминувал на позајмици и никогаш не заиграл за првиот тим.

Сега се враќа во Милан и тоа затоа што бил еден од условите на неговиот помлад брат, односно договор на семејството и агентит Мино Раиола, ќе заработува милион евра годишно. Семејството Донарума доби се што сакаше.

Според новиот договор откупната клаузула ќе биде околу 50 милиони евра ако Милан не се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, односно 100 ако во тоа успее.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.