САД ќе ги премолчи злосторствата на нивниот партнер и сојузник Саудиска Арабија.
Фотографиите и снимките од деца изгладенети до смрт, кои доаѓаат од Јемен се шокантни.
Човек тешко може да поверува дека на земјата на која има речиси девет милиони гладни луѓе, а меѓу нив 6 милиони деца, светот гледа рамнодушно.
Покрај гладот и воените злосторства, оваа земја ја зафати и смртоносна болест, колера, од која боледуваат повеќе од 300 илјади луѓе, oд кои до сега умреле илјадници луѓе, поголемиот број деца.
Судир помеѓу сунитите и шиитите
Всушност, Јемен во 2012 година стана бојно поле во војната помеѓу сунитите од Саудиска Арабија, кои ги поддржува владата на Јемен и Хутите (шиити) кои имаат поддршка од Иран. Меѓутоа, во 2015 година дојде до уште поголема ескалација на војната кога коалицијата предводена од Саудиска Арабија влезе во војна со бомбардирање на Јемен.
Иако Саудиска Арабија во оваа земја, нелегално и нелегитимно, спротивно на меѓународното право и конвенциите, кршејќи ги човековите права, испрати војска и немилосрдно го бомбардираше Јемен, Западот – пред се САД – премолчија за колежот кој го изврш нивниот сојузник. Наместо да преземат нешто САД и останатите земји гледаа од страна на тоа.
Токму Саудиска Арабија е најголем купец на оружје од САД, а ЕУ на чело со Германија ги прекина договорените работи со Ријад.
8.000 убиени
Во војната во Јемен, откако од 2015 година Саудиска Арабија започна со интервенција, убиени се повеќе од 8.000 луѓе, а ранети се околу 45.000.
Од 2015 до 2017 година во Јемен загинаа најмалку 1546 деца, а 2450 останале инвалиди, стои во извештајот на УНИЦЕФ.
Меѓу нив 1022 биле момчиња, 478 девојчиња и 46 деца “чиј пол не е познат”.